You are currently viewing ТЕРПСИХОРА

ТЕРПСИХОРА

Деноноќно сопарништво, со мисловен сомнеж за новиот час.

Трепет на утрото,  студенило натежнато од гревовност на делата, очајни маченици на здивот.

Поставена бодро мислителка своја, спремна да векува стројно.

Движење дрско со намера силна,  бесцелно трошејќи ја последната сила, за розевата приказна на ситниот сталеж,  изневерен до бесност, до несвесност.

Борба со подобра кауза, како трагач во Вечната куќа, создател на мирна војна во умот.

Тепсихора во свет на илузии, свежа верзија на современа постановка.

Заблудени мисли, истргнати низ длабока воздишка на бремето, во потрага по смирението на сопствената сласт.

Buy Me a Coffee