Исплашена простум ѕемнe во мисловна бура за горката бразда на ветрот.
Смирението ветува во добрината расцветува со природна хармонија осветува.
Премрежија по планот на Севишната волја, за победа и причест на тешка суетна војна.
Земски грижи и лекомислени стремежи, поставени на рамења со неуко бреме, според чудното балканско време.
Сезнајковци тажни, спознаници важни, туѓиот живот иронично го грдат во наплив на разврат и тегобен инат, наспроти природниот тек, добродушните гинат.
