Скриен месец во пазувот на сонцето, тој страствен пријател на ноќната лулашка.
Танц на сјајни ѕвездички по црното кадифено платно, послано за награда на непослушното јато.
Великодушна глетка на скаменета умствена клетка, во виорот на есенското беснило на северното ветре, воздивнува џагорот на слатката детска стапка, која танцува со ноќната лулашка во двориштето на небото.
