Општествена лакрдија поматува јавно мнение, премер на егото, убиено е небото.
Вознесени вљубеници, прелест промовираат, лажни пророци, судбини студираат.
Нема човек ни за лек, секој секому е грев, единство едно се води, до слава да се оди.
Материјалистите здружени, во светот опкружени, прв во ек, финансии на претек.
Згази тло пред себе, иднината е важна, нељубено време на беснило и кавга.
Изложба на моќ, богата прерија на злато, сребро и смарагд, во гроб се носат со тага.
О, заблудо наша, со каква маска ласкаш, за морален крај и човеков очај.
