Големото раздобје на чувството во личните истражувачки одаи ги принесе Жизел, и нејзината длабока приказна. Романтичната посебност на креацијата измами вдахновение и емотивен потрес кој ги буди и цврсто заспаните. Растојанието од едно до друго стојалиште на поставување на истата претстава, плени и не остава рамнодушни седишта. Бесмртноста на љубовта повеќе од било кога ги придвижи соништата на неутешните верници. Поделбата на големото и малото, високото и ниското, вистината и лагата, љубовта и омразата, животот и смртта се двојно присутни и едните во првото и другите во второто. Само кулисите ја одмараат уморната минута во исчекување на расплетот. Целата приказна е една непрекината палета на звуци, движења, погледи, гестови и емоции. Пораката на маестрото одекнува во вселената после години творба, за спас преку љубовта, за вера и понизност на искрената душа. Каква обоеност на животот во првиот чин, каква бела светост на непоимливото во вториот чин, на места подвоени, но вечно врзани зашто кругот е една целина на творбата пред и потоа. Можеби исто како во животот влегуваме во празни простори на преокупирана свест, а само два или три мига ја допираат суштината на човечкото или она што останало од него. Тие блесоци и даваат смисла на секоја подвижност и телесна и бестелесна, леснотија на врзување на душата со земните бедеми на мирот, далеку посакуван. Битката притаена се води од векови заради преродбата на белото место. Да се седне оддесно и во конечно помирување со стореното, направеното и понуденото. Сето тоа низ животот на Жизел, под силни рефлектори и со исклучително душевна игра во име на љубовта која и зад кулисите тече и боли како најсладок серум за негување на смислата.
И Во, и Над, и Кон, и Помеѓу, и Од, и За и Под.
Воскресение на сетилата, очекуван последователен ефект кај публиката, или најмалку будење на спомените на Романтичните, кои вечно талкаат по потреба и смисла. По контурата на емотивното доживување.