You are currently viewing СЦЕНСКА ДРАЗБА

СЦЕНСКА ДРАЗБА

Монтажна дразба, естетска фраза, милна проза во инсцпициентската доза.

Колектив на лица на сценската штица, тремлив шепот со задкулисен екот.

Менует суден, историски дует,  двојна игра на танцова еуритмија.

Кореографска мамка, импресионистичка едночинка, маестрална замисла, пленум и размисла.

Режиска драма на школската фама, грамаден декор, раскошен чекор.

Виножито од бои рефлектори кројат, моќна илузија на мозочната конфузија.

Buy Me a Coffee