You are currently viewing Емотивниот танц – Страсна флуидност низ сценската поетика на Зоја

Емотивниот танц – Страсна флуидност низ сценската поетика на Зоја

Оваа книга е пред се книга за уметноста, за танцот, за суштината на творење. Книгата Емотивниот танц – страсната флуидност низ сценската поетика на Зоја претставува поетско патување низ животот и делото на примабалерината Зоја збогатено со нејзини биографски податоци како и блага увертира во претставите кои биле поставени за време на 30-годишното творење на балерината на сцената. Едно хибридно дело кое дава интеркултурно богатство за човекот – уметник како и репертоарот кој тој го претставува. Оттука, уметноста претставува движење на животот како фундаментална човечка активност со стремеж да создаде креативна слика, поема или танц. Нејзината онтологија е динамична, а логиката на нејзиното постоење е движењето ― да пее, да се смее, да трча, да сонува, да танцува…

На тој уметнички крстопат примабалерината Зоица Пуровска Велевска успева да ја пронајде својата цел, суштината на своето постоење и да го почувствува танцот на леснотијата,  на убавината и на беспрекорноста со сиот сценски сјај и полетност, иако сонот започнал на лулашките на градскиот песок.  И сето тоа убаво спакувано со мноштво фотографии од нејзиниот приватен и професионален живот, зашто сепак балетот е говор на слики, емоции, движења.

Buy Me a Coffee