You are currently viewing ДАЛИ ЗНАЕЊЕТО Е МОЖНО?

ДАЛИ ЗНАЕЊЕТО Е МОЖНО?

Дали недостапноста на надворешниот свет „во себе’ од една страна и затвореноста на знаењето од друга ги потхранува старите скептички сомнежи на иновативна лудост? Како е можно знаењето? – дали тоа навистина може да се вметне во хаотичниот распоред на само-милување, а притоа да не се исплаши од судирот со логичните хиерархии и нивниот неуспех. Дали големите прашањa на масовниот пат се всушност една масовна бркотница и ништо друго, а знаењето една непотребна торба освестени букви? И зошто го повредуваме светот со своето незнаење? Дали е всадена потребата за истражување и проширување на видиците подалеку од незрелата политика на градската депонија, подалеку од географските линии на само-обележување? Прашања кои висат off grid, неинтересно појаснети во книгите за просветителството. Дури и системот не може да врши операции во нормални граници доколку тие не допираат до знаењето што би значело дисфункционалност и слепило на остварување непречена комуникација. Умот кој е длабоко врзан со знаењето тој совршено се дообликува, се моделира и комплетира за сите естетски, социјални и воопшто егзистенцијални задачи кои го прават животот, жив. Хранливата вредност на книгата ги храни силните брегови на веќе измаченото тело со состојки достојни и угледни. Заедничкото стареење и зрело милување во светски рамки значат здраво достапни ресурси кои ќе овозможат плодна почва за интелектуален напредок зашто сплотеноста на животинското и растителното царство бараат балансирана распределба на компоненти. Истовремено системот во релација со времето и вечноста мора да се вкалапи помеѓу минатото и иднината за да има воопшто време кое се нарекува минато и иднина зашто со знаењето ќе имаме свест за будење и свесност за освојување врвови, малечки и големи.

Buy Me a Coffee