Што си должат граѓаните едни на други? Дали е тоа високата морална ограда на здраво општество во кое колективните повреди на околината се санкционираат со градење силна свест и одговорност? Свеста, од друга страна се гради во борбата со внатрешниот непријател, не со светот околу себе и затоа велиме промената започнува од себе. Ти си свеста на овој несовесен свет. Од личниот праг почнува чистењето на снежните наноси или калливите наслаги. Збеснатите заби на капитализмот создадоа градови-духови, не-естетски градски површини без плански конструкции на градбите што одговара и на моралниот пад на еден човечки ум. Најдобар лек за големите залаци е самоограничување односно дисциплината на манирите. Тие кои дишат длабоко со незлоблива свест не се за овие земни градини и често не можат да дојдат до здив, од силните лактања. Нивната култура е сведена на глупост и наивност според имагинарните идеи за бесмртна глорификација. Тешко тие кои се дават во идејата за вечни почетоци и завршетоци. Се е миг, секунда на се што било и не било, еден бакнеж и испраќање. Потоа долга потрага за присуството на таа една, единствена личност. И не, нема замена зашто има мнозина други, но една прилега на душата. Тука сите огради се спуштени наземи и гардот предаден со поглед. Копјата почиваат во крстот на суетата, но утрото трепери со мирен ритам и добра музика. Шоуто мора да продолжи, со едни или без други, топката ќе врти околу својата оска последователно.
Во чекалната, го чекаме повикот, дали за унапредување, дали за извинување или нешто трето и самите паѓаме во психолошката замка за утрешната среќа. Вратата останува ширум отворена за активни дела и борба против капиталистичките агресивни трендови за повеќе и поголемо, во спротивно сите не очекува поларна зима од светски размери. Успешни или помалку успешни, се фрламе во костец со големиот ѕвер. Заради вредноста на човекот.
