Несмасни тела, се трудат да бидат централна ефикасноста на капитализмот и притоа трчаат квалитетно да одговорат на експлоатацијата. Тоа бара постојан погон. И следствено хајката за ефикасност, директ во финансиска дупка. Истите несмасни тела своите љубовни соништа ги доживуваат низ големите дела на литературата додека во реалноста имаме демократизација на тој идеал. Многу автори велат дека љубовта е последната религија на светот, но Валтер Бенјамин смета дека големата религија на капитализмот е впрочем пазарот. Тој е новиот рационален избор за актерите на пазарот кои се романтично врзани со парите. Партнерите се ловат во матно се до успешен лов со релативно задоволителни последици. Чадот привремено ги насолзува очите кога се крева прашањето за одобрувањето на личниот избор. Сечиј нос пикнат во торбата на другиот. И таа демократичност суштински е манипулирање со општествената согласност, ништо друго освен убедување и сугерирање.
Дали таа состојба предизвикува срам, дали лагата предизвикува срам? На тоа прашање одиме со прашање – Што беше тоа? Срамот одамна отсуствува особено ако се свртени погледите на луѓето на другата страна или на истата, доколку се прават на „Тошо“. И тоа не носи до една скржава доверба помеѓу едни и други, помеѓу институции и солуции. Се се контролира со цел да се обезбеди довербата од други извори, зборот човечки во историјата. Новите технологии копаат по костурите на своите вработени за да се открие секоја дамка на семејното сечиво и да се отстрани доколку другиот грешник е чист колку нашата атмосфера. Слабата доверба води до сомнеж и институционално следење на еден и друг, само не знаеме кој ќе ја следи вистината односно кој ќе ја одредува за правилна? Дали постои една единствена вистина? Или секој има свои постулати на вистински вредности кон кои цели, нормално освен оние кои воопшто и ги немаат. Тие се најбројни, мнозинство модерни, изградени и дотерани личности. Вистински лидери во естетската и корективната политика на живеење. Пу, пу, какви среќници.
