You are currently viewing ТАГА, НАСМЕВНИ СЕ!    

ТАГА, НАСМЕВНИ СЕ!    

Во сета збунета ароганција, разговорот течеше на висок тон и во недостаток на кислород. Драпериите на дневен ред, крај сите решени и добро средени прашања. Топлината не ја спушташе својата тупаница и покрај учебните темели, и стискаше до грлатите темпераменти на една позната ситуација. Нели, секоја година ние постарите и делумно созреани го повторуваме четивото по којзнае кој пат. „Repetitio est madre studiorum“, репетиција без научени лекции како ротвајлери во бокс. И негативниот бодеж од вратата ѕиркаше да ги собори сите присутни во новата опрема на едукативниот растеж. Но, и солената шега најде свое место зад полутемната обвивка на училницата како мал плисок од морската лудорија. Овде сончева беше само училницата и слатките изработени папки на новиот живот.

За нередот нема да Ви зборувам, само знам дека сум некоја година постара oд возраста на заминување на нашиот Спасител. И седам на старите клупи по својот долг, со  ненаучена лекција во оваа неосетна зрелост. Да поднесам за сиот залак. И затекнав полупразни училници и градови кои страшно трпат. Непредвидлива станува нашата судбина, зарем не? Сиво-црните стрипови во колективниот бунар со монолошка изведба, цртаат во бунило.  И без сила за промената, сите соговорници се уморни и тешки од борбата против алчните џинови.

Па, како да направиме промена без нас во неа? Зар самата да се дотера во наша корист? Изобилството не врви во тајните сокаци на подземјето, но нечистиот талог за слатките викенди на вечно незадоволните. И нема одмор за децата на Ристо или Христо, како сакате.

Медалјонот стаса до мојот праг по линија на раѓање. Но, не е се песна, одговорноста е голема и векот, заеднички. Редот и дисциплината од заседа додека зборот не се размножи.

До тогаш, рака под рака, низ полупразниот свет со викотници, НАСМЕВНИ СЕ ДРУГАРКЕ!

Buy Me a Coffee