Завојувани страни, никогаш подобар ветер. Чудно топол порив со есенско претчувство на осуда. И се бара осуда, но и судот не бега доколку впериш. Најчесто дланките треба да се чисти и фино спакувани при телото. Без нагли движења и брзи пресуди. Работата сама се пегла особено во големите натегања на страните. И среде двобој на жешки глави и лични чувства. Личните, исклучени за да не се изгуби разумност при наклон.
Со големите заблуди на службите, научив едно, во искушението не носи полно срце. Не, никако на голема порта, малите непознати ходници здраво ја носат тежината на едно човечко искуство. Кај Св. Антониј, влезот бара длабок поклон за да со умот се допре земјата, како неземен спокој во градина полна јапонски цреши или медитерански раскошни дрва. И мирисната леснотија ја потера грижата за момент, но повторно ноќта со егото на распетие. Дали самобитноста е единствено важна во сопствената приказна, не верувам. Една капка не прави море, но затоа заедно блескав океан.
И тежината стои на отворениот плоштад крај големиот Гоце, надвиснат над положените исушени цветови, а молкот трае и трае. Тие не сакаат да разберат или не можат. Сакаат жртва за својата неправда. Сакаат скок од негодување и нова мелодија. Еднаш гласавме против побуната, и грбот се штитеше иако штитеник немав. Немилосрдност и груби вилици станаа досадна, стара песна. И најинтересно, горчината доби блажен вкус или благост која тивко менува идејни ветувања, и духот се закити со горчлива, но лесна убавина.
Во постојаната загуба од хумани размери, си навлеков насмевка зашто најдобро ми прилега. На крајот на краиштата, тоа стана мојата голема театарска улога, носач на недоносени дела.
И покрај се речено, повторно, ќе осудат. Но, секое чудо, три дена беше?
