You are currently viewing СУДИРОТ

СУДИРОТ

Судирот помеѓу себичноста и алтруизмот покренува планина прашања низ прагматичните лавиринти за можни равенки на решавање кога еден поединец дејствува чисто според своите потреби и побуди, во спротивно не дејствува воопшто. Планетата остана надвор од звучноста, длабочината и богатството на човековото опкружување иако неколкумина сеуште водат битка за освестување.  Судирот на интереси врие пред патот, во обид да се одбере горниот или долниот, долгиот или краткиот, тесниот или широкиот, сигурниот или опасниот? Целта бара побуда како мотив на дејствување, зад кои демнат стандардите на личното убедување кои слугуваат на желбите и убавините заради хедонистички апетити на индивидуализмот. Тоа е и разбирливо зашто задоволството служи како емоционално гориво на човековата егзистенција. И делумно преку себичноста се остваруваат личните потреби кои ја задоволуваат состојбата, но краток временски период и потоа повторно во чекалницата по ново емотивно гориво додека алтруизмот ги полни бунарите од изворот на неисцрпна среќа. Мачен е патот на боење мисли кај едуцирана и помалку едуцирана публика особено кога се работи за зајакнување на менталната атмосфера на поднебјето. За преодни оцени по човечки релации се насочуваме на систематско уништување на егото и неговите себични творби. Искрено срце и отворен збор се најголемиот и најреткиот човечки гест на прегрнување на светот. Без очекувања, без сметки, без возвратени услуги, без ментален багаж и смислата добива друг мирис, мирисот на слобода. Но, дали сме подготвени за таква слобода во која ќе се даваме себеси без да ни возвратат, несебично ќе љубиме и кога ќе не напуштат и ќе ги заштитуваме во деновите кога ќе не предадат? Дали сме подготвени за решавање равенки кога стоиме пред судирот на вистината?

Buy Me a Coffee