You are currently viewing „ПОТРОШНИ“ ЛУЃЕ

„ПОТРОШНИ“ ЛУЃЕ

Нашата планета е полна. Полна модернизирани империјалистички и колонизирачки освојувања кои одржуваа остра нееднаквост и длабоко културно заостанување. Всушност напредните средства навлегоа во секоја пукнатина на глобалната солуција за проблемите кои носат енормен облик без соодветно решение. Станавме планета на човечки отпад и „потрошни луѓе“ како ги нарекува Зигмунт Бауман. Се бараат начини да се надминат аномалиите во политички спакувани „добри“ општества во кои навидум сите имаат право да постојат. Но, апсолутно не е така се розово, секој мора да го оправда своето место во пристаништето на креативниот погон, а истовремено морското дно е преполно со потонати бродови. И приемот е селективен во напредната фаза на индустријализацијата во која рекламниот слоган повеќе луѓе – посреќни луѓе,  е еден вид сапуница за збунети правци и несигурни бродови во кои веслачите ги губат веслата низ серијата груби правила.

Азбуката од А до Ш сепак понекогаш е мачна за запомнување, а заплетот зависи од дејството зад текстот. Секогаш може подобро и побрзо, но трудот е да се мотивира умот да го чисти купот ѓубриште првенствено од својот ментален двор. За да се направи тоа успешно човекот мора да знае да избере, како се дели производ од отпад, светла идеја од темен заборав и здраво да одлучи што е потребно за една нормална само одржливост. За тоа да биде остварливо се поседува знаење кое го менува светот и воопшто видикот на човекот за светот. Сите излишни производи, агли, дела се отфрлаат и се олеснува постојаниот продор на конструктивни замисли. Така и со конкретниот отпад, важен е производот, не отпадот.

Kако човештво не размислуваме за планините отпадоци кои ги правиме, додека не ни стасаат до куќниот праг исто како што не шетаме по ризични маала, урбани гета, сиромашни кампови. Сепак најубаво е во локалните молови да се потроши викендот покрај сјајните стаклени излози на неограничена понуда. Таму заблудата е веќе родена, таму се врзува интелектуалниот коноп на потрошувачот кој повеќе не чита, но станува неопеан херој на модерноста. Тој не бара никакви планински венци, ниту црвени мориња, длабоки клисури или прекрасни глечери, но само добра позиционирана мрежа на wi-fi прием за да ја испушти лавината на остатоци од својата потрошувачка кошничка.

Buy Me a Coffee