You are currently viewing СВЕТНА СИЈАЛИЧКАТА?

СВЕТНА СИЈАЛИЧКАТА?

Жан Жак Русо за вредноста на цивилизацијата,  одговори: „тоа е таа цивилизација која ја корумпира природната убавина и ја зголемува социјалната нееднаквост…„. Модерноста значеше луѓето да почнат да се забележуваат едни со други, да се идентификуваат меѓусебно и да се споредуваат до завист, љубомора и потценување. Дали светна сијаличката? Се надевам зашто во мракот често ги преиспитуваме делата на своите раце и читаме за револуции кои биле водени од љубов, денес ни збор мал од милост. Себични до срж? – благо речено.  Ниту еден ветар не го поседуваме, ниту една планина не ја владееме, ниту небото е наше, а бранот алчен пак е страшен. И додека едни создале цела историја на пожртвуваност и верба, ние, модерните војници сме како желки под оклоп. И одново мораме во колевката на нашата болка за да ги разрешиме сомнежите и да продолжиме како нова верзија на самосвест. Да не сме просто тела кои се движат, но и умови кои создаваат, души кои љубат и компонираат една нова реалност на радоста. Зашто Одата буди чувства на возвишеност додека тече, зарем не би било убаво да трае и трае нејзината големина низ целиот човечки век? Сите дел од едно цело, од една голема верижна целина на луѓе, места и ситуации за кои нема објаснување и скриени агенди, но судбински тековни настани кои создаваат библиографски стории на животот во тело.  И пак во дадениот миг од конкретниот ден ќе стоиме едни пред други со прашања и одговори, и во длабока тишина ќе ги поздравиме мугрите како нови, зрели и стабилни индивидуи или барем тоа што останало од нив после битката за достоинствен живот.

Врзани или неврзани во својата теорија, ќе се обидеме да не го задолжиме општеството со никакви љубовни потреби, зашто љубовта е луксуз во време на брзи финансиски тенденции. Наѕидани се зборовите на нашите дела. Во оваа приказна, во молк пред портите на модерноста со една љубов. Забранета и падната, таа е убава. Не судете, продолжете по својата вистина зашто патот е еден.

Buy Me a Coffee