You are currently viewing ОТАДЕ СИВИЛОТО

ОТАДЕ СИВИЛОТО

Каде замина бојата на едно секојдневие?

Течението исто како вчера, но со побледа боја и потивок од, како сцена од историски филм во црно-бела нијанса со навидум строга режија и понекоја длабока дискусија. Моменталните слики, неподвижни структури во тробојна тегоба со униформни карактеристика на прашањето: дали сум доволно добра или задоволителна за апетитот на средниот моден курс? Можно, но со безличен исход зашто во сивилото ја изгубивме и посебноста на своето лично настапување, но и општото народно претставување. Со други зборови, станавме некои други, на едно нечисто место.

Глобалните трендови, забавни и интересни за разигрување на својата културна дефиниција, со една „трудна“ тенденција да притискаат врз локалната изворност, која исконски насочена резултира со хибриден производ на единствена плодотворност преку безграничните зони на електронскиот потенцијал. Резултатот е живот врз празното платно и врз очите кои сеуште сонуваат низ различни перцепции и ги бојат ѕидовите на својата матна зграда, на бетонските држачи околу носечката архитектура, на предворјата на сограѓаните, автобуските постојки, метрото (кое го немаме), клупите создадени за љубење, игралиштата на огнени топки, и сите мали и големи зданија кои го анимираат умот додека се чека часот за поаѓање, мислам кој каде и да тргнал. Во кратките тивки моменти додека го чекаме превозот или човекот, книгата или идејата, сите размислуваме во боја, дури и за миг. Тие мали свежи потсетници даваат вредност на квалитетот на секојдневието. И не велам да се фатиме сите за четки и да боиме, но можеме да се инспирираме меѓусебно во различни нијанси и низ мноштво живи платна да се воодушевуваме на црвениот вресок на огнот, на синото модрило на морето, сивата чудност на маглата, зелениот блесок на листот, жолтиот бакнеж на сонцето, виолетовиот допир на месечината и илјадници останати претстави на животот. Воодушевувачки и запрепастувачки.

И додека некои места слават јубилеи кои секако треба да се одбележат, каков јубилеј заслужува мајката Земја за нејзиното долготрпение и гостопримливост? Заслужува, благо речено, разнобојна длабочина на присутни единки. Во таа забавна свесност, чуда се случуваат со живописна почит на обоени умови.

Buy Me a Coffee