Францускиот филозоф Жан Бодријар рекол дека еднаш кога луѓето научиле да прават бродови научиле и за феноменот бродолом. Ист таков бродолом кој доживува новиот облик љубовни игри исценирани низ интернет можности како и набавка на „идеален“ партнер, еден вид пазарење низ полиците на супермаркет. Многу голем избор и тешка недоумица.
Амбивалентноста на секојдневието предизвикува ролеркостер од бранови на емотивен мрак. И во тие премини низ песочните игралишта во соседството, помошникот на човекот отсуствува. Неговото внимание, совет, препорака ги нема. Само родител во обид да порасне човек меѓу нелуѓе е голема задача и прилично висок предизвик. Но, на секој еден му треба понекогаш уште еден кој се прогласува за личен пријател на една трагикомична книжевна раскрсница. И тогаш ќе се запише дело на веќе видени приказни кои одново сакаат да цицаат од државниот папок на моите и твоите. И карактерот стои на масата како тема на преговори. Дрвена да, некритична секако. Да се разбереме, не зборуваме овде за интелектуални тежини, но за лажна леснотија на лошо скроен костим. А, така шетаат мнозина и после маскенбал.
Секако, тоа станува плод на едно лошо државно родителство. Родителство кое нема ни биолошки ниту социјални врски со своите деца зашто сите живеат како сираци во земјата на земјаците. И формулата за брза заработка ја добиваат најблиските во кругот на гласачите, особено оние кои со медени бакнежи испраќаат тркачки наслови на пристаништето на ничија земја. И да не заборавиме дека зборот може да воскресне на начин на кој р’ѓата не може и во еден живот може да ги раздолжи ситничарењата понудени како „помош“.
На крајот, се разјаснува дека се во животот е реципроцитет на услуги, добра волја и општа култура.
