Занемен поглед во стројната река, eсенски бој, прашлив осој.
Тенката става на телото свое, стоеше простум како вејка на ветрот да го мазни.
Очајот во вековна битка за светското место, блескаше страшно низ речните канали на денот.
Младиот ум ги следеше верно, маловерните мравки во нивниот неред.
Зрак радосен осветли око со бура во заспаните гради.
Трепетот удри во земјата темна со аберот за надежта кревка.
Љубовта беше тоа, оружје на силниот ангел, стрела за сила во бојот.
Невреме страшно, осуда да корне, младата душа победа да орне.
Пушти чекор долж реката своја, со поглед јасен и здрава мисла, чесна рута по синото небо, како птица во лет и насмевка, тајна на цвет.
