Кога е мрачно, а не е мрак, тополата шумоли за еден траг.
Млад месец обесен на конец, затишје во приквечерие на врелото секојдневие.
Беседа на пат за парискиот шарм, Монмартр и уметничкиот седефаст рај.
Уморна половина нечујно убива, волшебна мисла на една слатка театарска светилка додека ветрот оглушува душа преку денот цел во плаво украсен вел.
Така заспива окото во ноќта, сонувајќи во продолженија за поетесата нема и нејзината лудост ретка.
