You are currently viewing СИМФОНИЈА

СИМФОНИЈА

Симфонија од звуци, инструментални жици, партер полн мириси, напудрени ириси.

Кожни фрустрации, дизајнерски овации, раскошни ситуации.

Шминка елегантна, потпетица банална, натпревар во мода, фамозна парада.

Апсурдна врева, опсесивна смеа, рефлектори моќни за танцови двојки.

Светла се гасат, грижливо пазат, сценската радост да подели сладост.

Театарска култура, минусна нула, Балкан штеди, аплауз што вреди.

Уметноста врвна за публика стрвна, дава инаков шарм на животниот бран.

Buy Me a Coffee