Во недоглед неверие и чиста добивка, на ликови и дела. Потпишани видови на прецизно договорена работа, креативна и добитна, во секоја смисла посакувана. Ситуација која секој поединец ја вреднува како општо признаена и јавно силувана. Таква стана бојата на уметничкото дело, кое на своите рамења го капеше општественото тркало во убави и мудри потоци. Ја красеше тежината на човековото постоење како врвно естетска творба на чистиот ум и емотивната кревкост. Историјата на општествениот раст и наследството кое воодушевува сеуште беше дело на длабоко неразбрани генијалци кои предничеа во своите сништа за посебен и чуден свет, но најчесто на прекрасен начин. Недостасува тој истрошен ентузијазам на креативно гладните поединци кои сеуште не тераат да се чувствуваме како живи битија, како вистински гладници за физичка и духовна љубов, во крајно сурови граници на траума и разврат. Денес, просто роботика на енормо копирање, потврдување и прифаќање, без никаква игра на чистиот ум. Тој е непознат и непотребен во крајна смисла. И потоа одек на едно исто кажано на милион различни начини, за обичноста да остане обичност, а зборот безвредна слика на леснотијата и манипулацијата. Големото време на плитки длабочини, на подвизи без сенки, на движење без отпечатоци. Нема светилник кој грее разумно во темнината на нашата надеж. Промената бара умност и подготвеност заради постојаната битка за движење на топката. Сведочиме на планетарен закоп на живиот и посебен збор, на големите сеачи на умноста. Ладно преживување на човечкото суштество во услови на глобалното затоплување. И за едната и за другата состојба виновникот демне возгордеан и притаен, најчесто во нашата запуштена духовност.
Во нашиот бес да ОСВОИМЕ.
