You are currently viewing МЕТУЗАЛЕМИ ВО ЗЕМЈАТА НА СВОИТЕ ТАТКОВЦИ

МЕТУЗАЛЕМИ ВО ЗЕМЈАТА НА СВОИТЕ ТАТКОВЦИ

Врзопот на неврзани нешта тежнее кон слободната размисла зашто таа единствена остава простор да се пронајде трасата на човековото патување.  Сцената најдобро ја отсликува голата состојба на грабеж низ уреден хаос и контролиран бес, на убави тела и зли помисли.  

Животот обесен на јажиња пред окото врви како празен текст, како исушено овошје на гладен стомак со зрнести облоги при варењето. Дали постоиме во постоењето или постоењето постои без нашето присуство? Се минува во големи размислувања за личната важност, иако сите во пространството го сонуваат истото. Мекото вариво на синилото односно сивилото на модерното мудрување полека ја контролира мислата во строго конструирани коридори на вештачка интелегенција. Миговно отсликување на таа „радосна“ состојба лежи на сценските штици кои дозволуваат солена благост на течението. Нивните длабоки врзувања со корените на идентитетската припадност, родовата збрканост или телесната присутност постојано ни се обраќа во стилот на Хамлет: „да се биде или не“. Предавството боли и кога е засирена крвта убивајќи ја скромноста со алчни залаци. За повеќе, за пострашно, помоќно, похрабро. Притоа духот граба и старее со набори на нешто нечовечко. Метузалеми во земјата на своите татковци. И повторно вовлечени во игра на зборови во кои Актерот го соголува човекот, а човекот го следи Актерот, зашто „Нашето тело“ според Сократ не исполнува со „љубов, желби и стравови и сите видови илузии и безумности, што доведува до тоа ние буквално да немаме можност да размислиме за што-годе“. И едно стануваат во битката за преживување под истото повредено сонце како запечени цитати на големата мисла за уметничко ослободување. И конечно, се станува ослободено освен МИСЛАТА. Неа повеќе ја нема, таа е заменета со гасови на мачното варење.

Buy Me a Coffee