You are currently viewing АВТЕНТИЧНА НЕВИНОСТ

АВТЕНТИЧНА НЕВИНОСТ

Дали  е можна?

Во обидот да бидеш допадлив за останатите, кои и да се тие, се случува едно губење на колективната атмосфера на доверување и на сопствената тежина на изјаснување. Се заборава соодветното однесување на еден дефиниран описменет човек. Се пишуваат познати знаци, но тешко моделирани среде научната фантастика на животот. Можеби ќе се напишат, но тешко да се искажат. Ретко да покоси длабок говор, и да те седне на столчето славење старомодна, но добра мисла. Искрено, напорно е да си прогресивен ако си вгнезден во романтиката на едно грубо и бесно време. Романтизмот во животниот стил ја избавува психологијата на тоталитетот на културата и творбата и не ја бара суштината во рационалниот допир, но во емотивниот бунар на силни навестувања и насетувања на крвта. Она што потресува е како блесок светлина меѓу две темнини, како уметничка вечност на ослободување од стравот. И за жал многу е застрашувачко односно неразбирливо кога една неутрална позиција се напушта и се врзува за еден друг систем кој е индиферентен и зол, и најчесто наметнат од луѓе неволни да копаат зад убавото лице. И така едно по друго, раѓаме во срцето антагонизам кон непознатиот човек, на истото место каде сме ја чувствувале љубовта, заокружувајќи ја таа приказна како секоја друга, без напор и труд. И поради тоа мешање на системите настануваат вредносни војни кога цврсто изграден карактер не сака да се претопи во некакво „ограничување“ на слободата, не сака да ја асимилира сопствената биологија заради целите на околината.

 Но, целта за да ги оправда средствата мора да постои причина, повик да се направи нешто убаво или добро, да се истапи пред тој што треба да знае дека секоја вредност се втемелува со самообновување додека сме на оваа конечна земја. Колку и да погреши со дел од своето битие човекот повторно се враќа на точката да ја искупи неправдата во која и самиот потонал. На почетокот едно возбудливо соочување, а потом слабо омекнување на мускулатурата и по некоја измамена насмевка.  Срцето се претопува во мекоста на течението, и покрај радикалното зло во системот на имитација.

Автентичноста е потпис на доследни победници, порано или подоцна.  

Buy Me a Coffee