Каков чудесен свет! – мисла среде навидум обичен ден, но секој ден е се само не обичен, секој ден е извонреден. И одредени ликови неповикани создаваат виножито од мирисни цвеќиња, есенција на радост преку голем временски вакуум. Ништо не ја покрива силната емоција на поврзаноста на духот со луѓе кои носат име и став. Видувањето во тој миг се капе во сончеви спомени иако зимската магла пече во вртежите. Светот не се грижи надвор од ѕидовите на сопствената куќа, далеку пак од тие на душата. Генетската предиспозиција ја води битката под човечката одежда. Но, со повторното раѓање во новите хаотични услови избавува сликата за играта зад театарските претстави. Животот беше кроен зад големите бели блокови на театарска ренесанса меѓу тулот на свеченото балетско туту и креативната дланка која ги создаваше. Почит имаше и за големо и за мало, гласно од театарски џинови кои како подвижни меки памучни души говореа со достоинство и чест за сцената. Истата таа сцена која предизвикуваше восхит и стравопочит. Се запишуваше историја на секој корнер од таа донирана градба на величествени дела.
Како да ја пренесам истата љубов на следното мало чудо, да ја разбере генетиката на големите умови кои беа страшни во скромноста и добродетелите? Како да ги разберете луѓето кои движат со остра свесност и врели канали на творење и незнајно допираат мала и втисната душа до оркански височини на живиот живот, на будна емоција и после патот? Очигледно не завршува ништо на овој плочник освен дождовните натегања. Газеа на тешко тло, но со лесен чекор и љубов длабока. Затоа важат за сонце и месечина на едно небо.
Ве молам, за слава на Монтеки! За слава на Капулети! Играта, мајката ја носеше, а јас ја чував најдобро што знаев. Бев чувар на нашите животи крај бедемите на театарот.
