„Интеркултурна комуникација на танцови идентитети“, автор: Јоана Шишкова-Медаровска

За танцот и неговата убавина

Интеркултурна комуникација на танцови идентитети е едно плодно теоретско истражување, кое ги опфаќа сегментите кои се однесуваат на теоретското појаснување на „универзалноста“ на танцовата комуникација, како и интеркултурните текови на хибридна сценска игра, започнувајќи од темата за убавото и уметноста, естетиката, танцот како невербална и телесна експресија, невербалниот говор на телото, па сè до интеркултурните форми на новата танцова комуникација. 

„Крилести одаи“, автор: Јоана Шишкова-Медаровска

Крилести одаи – царство на движечки мисли

Во време на превирања и отуѓеност на човекот и неговата суштина се случува една перманентна потрага по смислата и стабилноста на состојбите на креативноста. Рене Декарт ќе рече „Мислам значи постојам“, царството на мисли е царство на слобода или во мојот случај царството на зборови е царство на бескрајна креација и апсолутна слобода.

„Креативна бурлеска“, автор: Јоана Шишкова-Медаровска

Креативна бурлеска – јаве или сон?

Оваа книга (или поетско книжуле) настана како една спонтана потреба да откријам еден мал дел од својата интима или може да го наречам  лавиринт во потрагата по љубовта како основен двигател на животната енергија. Љубовта кон себеси, кон човекот и театарот. Зошто театарот?

„Емотивниот танц - страсната флуидност низ сценската поетика на Зоја“, автор: Јоана Шишкова-Медаровска

Емотивниот танц – Страсна флуидност низ сценската поетика на Зоја

Оваа книга е пред се книга за уметноста, за танцот, за суштината на творење. Книгата Емотивниот танц – страсната флуидност низ сценската поетика на Зоја претставува поетско патување низ животот и делото на примабалерината Зоја збогатено со нејзини биографски податоци како и блага увертира во претставите кои биле поставени за време на 30-годишното творење на балерината на сцената.