You are currently viewing ДАЛИ СМЕ ПРЕМНОГУ?

ДАЛИ СМЕ ПРЕМНОГУ?

Секогаш како да сме премногу. Другите се тие кои треба да ги има помалку, а нас треба да не има повеќе. Терапија за вишок население е повеќе население зашто најсилни се најбројните нации кои имаат мускули да ги покорат старомодните и колебливи жители на светот. Големото значи посакувано, значи профит, значи моќ. Самата модерна ера беше ера на голема миграција со ветувања за подобра среќа. Но, големата модернизација значеше и добро „промовирана“ колонизација која Чарлс Дарвин ја сумира како сага за цивилизирање на дивјаците предводен од Европа: „Се чини таму каде што стапнал Европеецот смртта го гони Абориџинот.“ Во таа насока, истребувањето на Абориџините значеше чистење локации за новото европско население или американските Индијанци кои беа најсигурно сместени во резервати за дивјаци, Пампасите од аргентинската историја, спакувани на мало парче заради можноста да го „уништат“ природното богатство на таа плодна земја. Само за да се добие чисто парче за евтини пари за сметка на вишок непотребно население. Таа несигурна темелност водеше до политичка апатија, непочитување на законот, граѓанска непослушност и распаѓање на основите на државната моќ. Луѓето, премногу или премалку живеат во состојба на вознемиреност и страв, постојана будност и притисок.

Европските брегови колку и да се модерна структура на составот сепак ги оживеаа старите фолклорни слики на ѓаволи и демони трансформирани во опасност и ризици. Премногу важните живеат во постојан изборен афинитет на бои, форми и хранливи патетики опкружени со скапоцености од туѓа мачна историја и уметнички артефакти принесени за воздишки. И треба повеќе да вежбаме човечност, за промена да пробаме да ги спасиме мувлосаните ѕидови на емпатија која ги ниша вредностите внатре во „космополитот“ и надвор во глобализираниот свет за да почнеме да оддаваме малку почит на живите, без оглед дали се премалку или премногу живи, доколку цивилизираниот одреди и таква мерка.  

Наштиман е светот со готови производи и брза задоволства, континентите тврдини имаат нова социјална хиерархија: отворени за бизнис, но затворени за луѓе. Мелодијата на светскиот напон прилично монотона и затегната.

Buy Me a Coffee