You are currently viewing НАСПРОТИ

НАСПРОТИ

За нешто конкретно. За црното и белото. За правење наудрен и напудрен. За лесниот животен стил и ладното пиво во ладовинка. Од стил, најчесто слободниот на улицата. Шетачи, голи, а облечени, кожата покриена, појавата празна. Собата мирисна, допирот пеплосан. Дали е до часот, дали е до местото или до нас самите? Одговори и не се бараат, алкохолот си го направи своето. Ноќта повлече разговори наспроти денот кој мируваше.  Како црното наспроти белото, или доброто наспроти лошото.

Задоволителна стануваше мислата која утврди дека доброто е длабоко посакувано и потребно, како логична корисност, но во лошото се разбудија внатрешните процеси на саморазвој и зрела мисла. Едното наспроти другото како критика и испит, како мерка и тежа. Повеќето луѓе ќе се согласат со  Хамлет дека „не постои ништо добро или лошо, но мислата тоа го наметнува“. Исто така да се мисли дека светот е добар е една убава идеја, но дали е навистина така? Дали можеме да кажеме дека целата човечност се капи во благосостојба и среќа?  Тешко, но можеме да заклучиме дека светот настојува доброто и лошото да ги стави во една балансирана состојба, колку да е можно тоа. Често индивидуата знае што е добро и сепак одлучува да дејствува поинаку наспроти моралните последици, наспроти законот на етиката. Зошто? Заради удобностите на моќта, на финансиската независност и луксузен живот, останатите би биле девијации на исфрустрирани личности. Нема стремеж кон одобрување или суд, но моментални задоволства и непредвидливи само-рефлекции.

Конкретното во стилот и појавата се обидува да ги одбегне неморалните акции кои би довеле до колапс на етиката,  што и не е најголемото достигнување на човештвото.

Наспроти спротивноста, да се обидеме да ги смириме нашите зборови, помисли и дела.

Само да се обидеме.  

Buy Me a Coffee