You are currently viewing ПОСТИСТОРИСКО СОБИТИЕ

ПОСТИСТОРИСКО СОБИТИЕ

Дали местото на отседнување, претставува еден навидум прекрасен притвор во кој човекот е удобен во сигурноста на познатото и кој се поретко се напушта? Дали навистина е тоа дом/куќа на битието (Хајдегер), во кој креативноста е сведена на далеку познати правила и прописи? Можно ли е местоположбата на нештото да биде заштитник на еден живот или само засолниште од стравот од непознатото? Искрено вистинската сигурност на единката стои во сопствениот повик на креативна детерминација и отвореност за истражување на различни начини на жива размена. Тоа најчесто отсуствува кога сме опуштени во секојдневните коридори на домашната рутина кога просто нема патување низ патоказите на пишаниот збор. Како да се е прочитано и веќе познато, ако такво нешто воопшто смее да се каже знаејќи ја образовната неисцрпна долговечност.

Во постисториското раздобје стануваме архивари на празни зборови низ денови „на губење на мислата“. И покрај тоа, прекрасните приказни и митови, осамено ги држат своите книжевни домови отворени за оние кои сакаат да растат со умот. Низ филозофијата и искуствата на уметноста се отвара перцепцијата на еден нов дом на стварноста во кој духот станува подлабок и остварен, потполно прегледен, постојан и чист во духовноста. Покрај нашата совршена несовршеност, погрешно е да се поистоветува духот со она што го поседува. Тоа останува во физичката реалност на овде и сега, не се надминува со интелектуалните илуминации на еден живот. Вистинската слика за минатото брзо поминува, и таа е истата слика во која ќе исчезне секоја сегашност. Нека не исчезне залудно, но во вистинска смисла на моменталниот креативен проблесок на светли дела. Тие одекнуваат силно низ целата историска материјалност како зрак светлина на триумфалното сонце зашто во спротивно ќе бидат зборовите на Бертолд Брехт од Операта за три гроша: „сетете се на темнината и на големиот студ, во оваа долина во која одекнува плач.“

Домот, тоа си ти.

Знаменосец во услови на вистински вонредна состојба и тоа како фасцинантно коригиран дух на силниот фронт. Ти си местото на својот живот, ти си центарот на свежите нешта. Ти си   новиот човек, не вчера, не утре. Денес.  

Buy Me a Coffee