Какви ти се мислите, таков ти е животот! Запишано, и длабоко промислено. Единствената работа која мачно се контролира е интензитетот и составот на мислата. Бестелесна, разнобојна, разиграна и кревка, таа е најголемото боиште на сите големи освојувања. И болни и безболни, се нејзините деца зависно правецот на потклекнување. Сите силно само свесни личности додека повеќе не сме. Падот најчесто не се чувствува од брзите планови на новото, посакуваното, следното. Следната уредба треба да ни биде прва и последна заповед, за менталната хигиена на нашите лични постапки. Од нив зависи зелениот процут на личната и светската култура. Промената е на домашниот праг, при првиот чекор колку и да звучи наивно, вистина е. Така и скокот во новото утро ќе тргне глатко, низ брдо со удвојување на удопствата. И вистина е, богатството лежи во еден невидлив свет, и за да се привлече мора да се негуваат богати мисли. Успехот и добродетелството доаѓа одвнатре, не однадвор и тоа бара внатрешен мир и задоволство за да создаде царство од среќни мисли. Добрата енергија не дозволува лошото семе да изроди со плодови на завист од која никој нема полза.
Застани и длабоко вдиши. Без мисла, без грижа, без насока. Чист живот ќе проструи низ каналите на креативната смисла за повисоки цели кои некогаш се оние наједноставните, љуби на места каде недостасува љубовта. Крошната на животот сплети ја во своите мисли со сите бои на детската авантуристичка потрага. И тогаш во рака се појавува сликовницата на животот опишана на едноставен, лесно разбирлив човечки јазик, со светлината на мудра топлина, на само девет страници смисла. Ретко и почесно нуркање во бесконечните залихи на се-дарежливоста. Таа едноставност често ја одбивам и ги поднесувам личните сметки на непокор и збунета трпеза. Но, тоа го подготвувам под нејасни околности и во сите познати изданија, како форма на бес и иритација од негрижата. Минусот го носам под својот нос и со двете раце силно потковани како метални држачи на маса. Како тоа изгледа смешно, замислете. Книгата на успехот стои на истата маса, во својата свежа корица, неизмачена и спремна за следните поколенија. Моето место некако самото спие под транзициската сенка на заборавот. Велат, по книгите сум, а никако да започнам со најважната приказна на ова топло место, мојот живот.
За промена, нешто од себе, за себе. Ќе биде добар почеток, и доследен, се надевам.
