Интуитивниот сомнеж на летниот ден тежеше како скапоцен камен на градите на мисловниот трагач. На писателот кој трага по задоволство или возбуденост, но возбуденост во новото, која како да ја разнишува свеста без стереотипноста и нус појавите на модерноста и која возбуденост ја напушти ограниченоста на плитката масовност, дури до крајностите на деструктивниот занес на уништување на самиот стереотип. Составен дел на уметноста на живеење предизвика смрт на големата литература, на нејзините поетски и естетски украси, на празниот од на карневалот, на метафорите, во обид да се нахрани царството на ситнобуржоаска култура која дава слика на блага еротска хармонија. А, островчето на читателот е текстот на неговиот интерес. Искрен и не подмолен.
Дали е можно да се вдомиме во каналите на вистинската литературна содржина без да измамиме лажна публика на свечени телевизиски сапуници? Новото дали ќе функционира како чадор закрилник од масовната култура на шаблонски репетиции и решенија за обезличување на површинските содржини на книги, емисии, хроники со постојано иста незначајна тема? Дали би останале достојни да се одржиме до светкавата суштина на некој текст кој отскокнува наводно нашата креативна мисла, дали би посветиле малку повеќе внимание за обработка на потенцијалот наспроти изнудувачката форма на тврдата вистина. Вистина која станува таква како само приложена, конечна верзија на сопствените постапки на менито на свесниот апетит за културна разонода. И повторно интуицијата ќе не врати кон вистинската книжевна улога во нашиот посветен матрикс на дејствување. Не секој ќе се согласи со личните избори на поетска изразност на авторот, но тоа е здрав однос за поништување на мазната и длабоко фалична стереотипност.
