You are currently viewing ВОЗДУШНАТА ЛЕСНОТИЈА НА НАСМЕВКАТА

ВОЗДУШНАТА ЛЕСНОТИЈА НА НАСМЕВКАТА

Дали личните имиња ја одредуваат содржината на идентитетскиот материјал на личноста? Дали зборот ја одредува вредноста на нашата тежина во светскиот наметнат луксуз или повеќе неговата вредност и нема вредност во размената? Зашто секој збор одекнува како подарок кој го осветлува или затемнува хоризонтот и ги поврзува непостојано фотографиите на личното претставување. Сериозноста во вршењето на тековните содржини го нарушуваат вистинското познание на средбата кога човекот ќе сретне човек, во исконскиот обид да се поврзе. Но, не повеќе, постои постојан прекин во поврзувањето помеѓу едната и другата страна, постои исушување на семантичките реки при глобалниот топлотен колапс. И изгревот на новиот конфликтен светски поредок удира во ѕидот на една приемливост и ги гасне искуствата на пролетта и детството кои се автохтони и автентични за сите годишни времиња и возрасти. Воената машинерија стои на прагот на денот и ноќта и ја краде радоста на утрото и пријатноста на квечерината. Битието ги губи причините за постоење, и се обидува да изнајде нови формули на сооднос. Истовремено онемува обвивката на озонската сиромаштија, а луѓето пелтечат за соништата. За подобро утре, за посветол ден, каде гестот гради истории на искуствата и мостови на изразување во кој секој еден ужива во насмевката на вербалниот допир. Насмевката ги руши непознатите постулати на јазикот и станува новото културно средство кое и пркоси на алиенацијата на младиот човек. Студената сериозност мора да замине во историјата заедно со воениот погреб на недоразбирањето на алчните духови.

Buy Me a Coffee