You are currently viewing SILVER LOVERS

SILVER LOVERS

Читање новини за Хегел било еден вид утринска молитва за граѓанското друштво, а денес немиени пред електронскиот пребарувач, здрвени пред изгрејсонцето. Не станува секако збор за молитвено покајание за време на појадокот, но трка на немирни тензии по сензации. Модерните национални популации станаа сурфери по возбудливи теми од заеднички интерес, ако може такво нешто да се каже. Всушност, темите се беспрекорно скокотливи од фото сеанса на напудрени суштества, мотивирачки приказни или гласни анимации, сите повикуваат на бескрајна луцидноста на изборот.

И клик, по клик, по клик, човекот ја прекинува романсата со сопствената слобода заради империјалистичкиот дневен ред од толку до онолку. Пластиката на работните пропорции кои се менуваат, расте и се витка секојдневно, и градејќи го јаде темелот на идното општество. Така што во таа пластичност која се трудиме да ја одложиме еколошки, веројатно и самите ќе треба да се рециклираме.

Жално што престана да смета и новата егзистенцијална параноја, и нејзината блага љубоморна нишка кон ривалот, или двобојот за привидно привлечни добрини и војно -насочени амбиции. Победниците се навидум сите слични, атлетско градени ликови со манекенска убавина кои војничките чизми ги заменија со воздушни перничиња во патиките за трчање. Културното инвестирање доби оркестрирана бучност, без запишани строфи, со големи аспирации на берзата за заработка на златен тикет. Златен или не, важно е да се поседува тикет (освен во еден даден случај) иако лично сребрените додатоци се посебно драги заради естетската благородност, антибактериски својства и евентуално заштитата од баксузи кои се далеку поопсежни и од вирусните досади.

Значи, „повеќе од метал, а помалку од злато, и јака заштита од енергетските вампири“ ќе гласи слоганот на новиот бран сурфери преку орбитата, silver lovers…

Buy Me a Coffee